Претседателката на Транспарентност Нулта корупција и универзитетскиот професор Д-р Слаѓана Тасева по избор на А1 ТВ е избрана помеѓу личностите што оставиле печат со својата работа и со своите изјави
Уредниците на А1 телевизија направија избор од 14 личности : "Ова се луѓето кои се борци за слобода и демократија, за подобра Македонија. Ова се нивните проекции за 2011".
Како и секоја друга година во Македонија, 2010 помина бурно и на моменти со експлозивни политички настани и изјави. Многу личности продефилираа на јавната сцена, кажаа убави и лоши нешта и си обезбедија место во меморијата на македонскиот граѓанин. Изборот на А1 ТВ падна на неколкумина ликови чии јавни настапи, изјави, укажувања, толкувања или постапки го привлекоа вниманието на јавноста и предизвикаа жестоки политички и експертски дебати.
А1 телевизија е најгледана приватна телевизија во Република Македонија.
Други личности кои ја одбележаа 2010-тата година се:
Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија на мегународниот суд за човекови права во Стразбур
Томислав Османли, писател
Ангела Агелер, прес аташе Американска амбасада
Џулијан Асанж, сопственик на Викиликс
Мерсел Биљали, политички аналитичар
Васко Ефтов, новинар
Љубомир Фрчковски, универзитетски професор
Ким Мехмети, аналитичар
Никола Младенов, новинар и автор на стрипот Фокус
Александар Поповски, режисер
Никола Ристановски, актер
Слободан Унковски, режисер
Велија Рамковски, сопственик на А1 Телевизија
st_licnost-godina-2010 979.54 Kb