24.02.2011 Транспаренси Интернешнл – Македонија (ТИ – Македонија ) на 25 февруари 2011 г. (петок) со почеток во 11 часот во просториите на ТИ – Македонија (ул. Наум Наумовски Борче 58 ) ќе одржи прес конференција на која ќе бидат презентирани аномалии во борбата против корупцијата, под наслов ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ.
Настаните се засновани на резултатите од работата на Транспаренси Интернешнл – Македонија за состојбите во борбата против корупцијата и криминалот и состојбата со транспарентноста во општеството.