25.02.2011 Владеење на правото подразбира повеќе универзални принципи вклучувајќи и дека:
– законите да се јасни, објавени, стабилни, праведни, да ги заштитуваат фундаменталните права вклучувајќи ја сигурноста на лица и имот;
– со дискреционото право на полицијата и агенциите за превенција на криминалот не треба да им биде дозволено да го превртуваат законот.
Анализата на примената на правните норми во во однос на примена на мерките за обезбедување на имот во случајот Пајажина укажува на појава на правен илузионизам.
На овој начин сите институции кои се вклучени во овој процес свесно или од незнаење придонеле кон сериозна повреда на уставните принципи и загрозување на со уставот загарантираните права.
Примената на член 203-а во практиката доведува до
– правната несигурност;
– произволност; и
– процедурална и правна нетранспарентност;
ti-m_inicijativa_do_us_25022011 217.22 Kb
Правната поука во Решението на Истражниот судија со кое се врши замрзнување и задржување на парични средства на банкарските сметки, дека жалбата не го одлага извршувањето на решението, не е засновано на закон.
Анализа на правните норми
Цел на оваа презентација е да се отвори поширока научна и стручна дебата. Оваа дебата треба да придонесе кон подобрување на правните практики и зајакнување на правната сигурност на граѓаните на Република Македонија. Текстот на денешното соопштение ќе биде доставен до поголем број доктори и професори по кривично право, до министерството за правда и до надлежните државни институции.
Исто така ги повикуваме и практичарите кои ги применуваат овие мерки, да се приклучат кон оваа расправа со свои ставови и коментари.
Затоа уште веднаш укажувам дека после денешната презентација на правни аргументи, очекуваме стручна и научна дебата, а не политички реакции. Ги повикуваме политичарите да ја изостават оваа тема од својата секојдневна предизборна комуникација.
Денес ќе презентираме анализа на правните норми со кои се уредува прашањето на привремено обезбедување, начинот на кој овие мерки се уредени со Уставот и законите на Република Македонија и со ратификуваните меѓународните конвенции, како и на правната практика и начинот на кој тие се применуваат,
Со оглед на тоа дека поводот за оваа анализа беше случајот Пајажина и замрзнувањето на сметките на повеќе правни лица, анализата ја засноваме на тој конкретен пример.
Нашата цел беше правна анализа на законската поставеност, содржината и начинот на примена на овие мерки.
Нашите заклучоци се:
1. Да поднесеме до Уставниот суд Иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста
Во која се оспорува согласност со уставот и законите на Република Македонија на
член 203-а став 1 од Законот за Кривичната постапка (Службен весник на Република Македонија бр.15/97, бр.44/02, бр.74/04, бр.83/08 и бр.67/09).
Примената на член 203-а во практиката доведува до
– правната несигурност;
– произволност; и
– процедурална и правна нетранспарентност;
– Најдобрата намера на законодавецот за воведување на мерките за привремено обезбедување со што би се одговорило на барањата за конфискација на криминалните приноси во практиката била реализирана правно непрецизно.
– На тој начин се прекршени повеќе уставни начела и загрозени повеќе со Уставот загарантирани човекови права.
Владеење на правото подразбира повеќе универзални принципи вклучувајќи и дека:
– законите да се јасни, објавени, стабилни, праведни, да ги заштитуваат фундаменталните права вклучувајќи ја сигурноста на лица и имот;
Доказ: Решение III КИОК бр. 62/10 од Основен суд Скопје 1
– Решението според заглавието е донесено врз основа на член 203-а и член 203-г од Законот за кривичната постапка;
– не е јасно дали се однесува на член 203-а од ЗКП во одредбите од ставот 1 или на одредбите од ставот 2;
o согласно текстот на став 1 може да се определи (привремено) обезбедување;
o согласно текстот на став 2 не може да се определи обезбедување, и доколку се прифати дека овој став е во врска со член 203 тогаш може да се определи одземање (односно замрзнување) на средства сметки и фондови за кои постои сомневање дека претставуваат принос од извршено кривично дело;
– Решението според диспозитивот е донесено: „Заради обезбедување на средства што се во врска со кривични дела“,
o иако да повториме, привремено обезбедување на имот или средства што се во врска со кривичното дело не може да биде цел сама по себе, па сепак токму ова е наведено како цел поради која се одредуваат мерките;
o што насочува дека обезбедувањето се врши според став 1 од член 203-а;
– со ова Решение СЕ ВРШИ ЗАМРЗНУВАЊЕ И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ПАРИЧНИ СРЕДСТВА НА БАНКАРСКИТЕ СМЕТКИ
o паричните средства се имот кој служи за плаќање во платниот промет било да се пари или електронски пари.
o Во оваа смисла согласно став 1 може да се одреди привремено обезбедување со запленување на парични средства како фактички пари или електронски пари, подразбирајќи нивно материјално постоење односно износ според состојба на банкарска сметка како ефектива;
што ќе стане со овие пари јасно е одредено во член 203-а став 6;
o Во истата смисла согласно став 1 може да се одреди и привремено замрзнување на банкарски сметки;
– Во ова Решение: СЕ ЗАБРАНУВА подигање и располагање со парични средства од наведените банкарски сметки до висина на наведените парични износи;
o согласно одредбите од Конвенција CETS198 како и ЗКП зборот „подигање“ не е познат;
o согласно став 1 можно е да се определи замрзнување или запленување што согласно Конвенција CETS198 ќе подразбере и располагање со парични средства;
и повторно, што ќе стане со овие пари јасно е одредено во член 203-а став 6.
Правната несигурност до која доаѓа со примена на член 203-а (особено став 1) е видливо во Решението кое се приложува како доказ за еден пример од практиката, произлегува од следното:
– во каква врска се наведените банкарски сметки со делата за кои се спроведува истрага;
o тие се отворени во корист на правно лице. Сопственикот на правното лице поранешниот управител на правното лице се осомничени во истрагата во врска со кривичното дело;
– како што веќе погоре покажавме мерките можело да се одредат на јасен и законит начин, па остануваат две прашања кои треба да добијат одговор,
o дали тоа е затоа што истражниот судија не го познава или не го разбира законот;
o дали тоа е затоа што намерно сака да доведе до некоја практична ситуација само нему позната;
– како тоа може да се забрани подигање и располагање на парични средства кои воопшто не се достапни како фактички ефективни пари или електронски пари;
– како тоа може да се направи ефективно Решение кое подлежи на жалба во законски рок со тоа што ќе се одреди, а спротивно на законот, дека истата не го задржува извршувањето на решението.
Еден одговор е дека моќта на слободната диспозиција дадена на истражниот судија односно советот, поради објективни причини на нејасност, неразбирливост, двосмисленост и недореченост на текстот на законот се первертирала во моќ на законодавец.
Согласно Уставот на Република Македонија негова темелна вредност е немешање и поделба на законодавна, извршна и судска власт.
Согласно Уставот на Република Македонија, секој мора да го почитува законот.
Ќе се повториме:
Согласно член 11 став 1 од Законот за судовите (Службен весник на Република Македонија бр.58/06): Судијата одлучува непристрасно со примена на законот врз основа на слободна оцена на доказите.
За Транспаренси Интернешнл Македонија како подносител на Иницијативата текстот на став 1 од член 203-а не доволно податен за да се користи како дел од закон.
Бидејќи никаде во Законот за Кривичната постапка не е посочено со која цел може да се определи привремено обезбедување согласно став 1 од член 203-а, но дека тоа може да се случи ако така сака истражниот судија односно советот или ако така побара друга држава или во случаите согласно ратификувани меѓународни договори, па и тогаш со непозната цел:
ставот 1 од член 203-а предлагаме да биде поништен бидејќи со неговата употреба доаѓа до длабоко нарушување на уставниот поредок во Република Македонија.
Оставаме судот да одлучи дали посочената одредба со оваа Иницијатива е во спротивност со Уставот и законите на Република Македонија како и тоа дали истата треба да биде укината или поништена.
Примена на законот
2. Начинот на примената на овие норми укажува на сериозни проблеми со стручноста и совесноста на работењето на институциите и овластените лица кои постапуваат
Со дискреционото право на агенциите за превенција и борба со криминалот не треба да им биде дозволено да го превртуваат законот.
Заклучок е дека:
– став 1 од член 203-а е „сервисен“ и доколку ги има треба да послужи за цели определени во други членови од законот кои на него се повикуваат, односно предвидуваат одредување на мерки предвидени во овој став;
o во Закон за кривичната постапка, не е посочено од кои причини се определува ставањето под надзор на судот односно со која цел се одредува обезбедување на имот и средства туку тоа е оставено на дискреција на истражниот судија односно на советот;
на член 203-а став 1се повикува во член
• 477-ѕ
• 505-а во ставовите 1 и 3
на обезбедување се повикува во член:
• 142-б
• 106
• 107
• 489 во врска со 105 ставови 2 и 3
на привремено обезбедување се повикува во член:
• 203-б;
– Решението од член 203-а доколку во рок од 3 дена е вложена жалба согласно член 384, не може да стане ефективно се до конечната одлука;
– според член 203-а став 1 не може да се определи замрзнување и задржување на парични средства.
– согласно член 203-а не е можно да се блокираат парични средства на банкарски сметки во одреден износ (како да се идно побарување).
На крајот на ова Решение дадена е поука: „Против ова решение дозволена е жалба во рок од 3 дена преку Истражниот судија до Кривичниот совет на овој суд.“ Потоа следи реченица: „ЖАЛБАТА НЕ ГО ЗДРЖУВА ИЗВРШУВАЊЕТО НА РЕШЕНИЕТО“
o според член 382 од ЗКП жалбата против Решенија е дозволена секогаш кога изрично не е определено дека посебна жалба не е дозволена;
ваква изрична определба во врска со мерките од член 203-а став 1 во ЗКП нема;
согласно член 384 доколку со ЗКП поинаку не е определено со поднесувањето на жалбата на решението се одлага извршувањето на решението против кое е изјавена жалба.
Покрај Устав на Република Македонија иницијативата се поткрепува и со:
– Конвенција CETS198: (Конвенција на Советот на Европа за перење пари, откривање, заплена и конфискација на приноси од казниво дело и финансирање тероризам); Ратификувана со Закон за ратификација од 10 април 2009 година објавен во Службен весник на Република Македонија 49/09;
И извештајот од третата евалуација на Република Македонија од Комитетот на експерти на Советот на Европа МАНИВАЛ
– MONEYVAL (2008) 21: Документ на Советот на Европа;
THIRD ROUND DETAILED ASSESSMENT REPORT "The former Yugoslav Republic of Macedonia" ANTI-MONEY LAUNDERING AND COMBATING THE FINANCING OF TERRORISM; COMMITTEE OF EXPERTS ON THE EVALUATION OF ANTI-MONEY LAUNDERING MEASURES AND THE FINANCING OF TERRORISM EUROPEAN COMMITTEE ON CRIME PROBLEMS (CDPC);
Memorandum prepared by the Secretariat Directorate General of Human rights and Legal Affairs; Strasbourg, 16 July 2008
– http://www.coe.int/t/dghl/monitoring/moneyval/Evaluations/round3/MONEYVAL(2008)21Rep-MK3_en.pdf
– http://www.coe.int/t/dghl/monitoring/moneyval/Evaluations/progress%20reports/MONEYVAL(2009)33-ProgRep-MKD_en.pdf