26.08.2011 Почитувани, Ни причинува големо задоволство да Ви го проследиме првиот број на периодичната публикација “АУДЕО“.
Публикацијата ќе биде во електронски формат, па така лесно достапно за сите. Audeo е латински збор кој значи да се осмелиш храбро. Со тоа Transparency International-Macedonia им возвраќа на граѓаните кои пријавуваат корупција и со неа поврзани активности.
Истовремено ги повикува сите да се приклучат и да ги поддржат напорите за отстранување на ова зло. Сакаме да бидеме отворени и затоа ги очекуваме Вашите мислења, коментари и текстови со анализи кои Вие самите сте ги направиле, а кои се однесуваат за постапки поврзани со настани за кои сметате дека сериозно го загрозуваат владеењето на правото.
Објавувањето на анализи за постапувањата институциите и примената на поодделни правни норми и принципи има за цел да постави основа за издржана правна и друг вид стручна дебата. Крајната цел е подобрување на правната практика преку правилна примена на правото и поттикнување на правилно и стручно постапување од страна на надлежните институции.
Во овој број, покрај другите содржини, ќе можете поподробно да прочитате за Иницијативата на ТИ-М и Решението на Уставниот суд на Република Македонија со кое ја прифати истата поради утврдување на согласност со Уставот и законите на Упатство донесено врз основа на Законот за финансирање на политичките партии. Случајот Пауновски, Случајот Упатство донесено врз основа на Законот за финансирање на политичките партии, Случајот со практична примена на член 203-а од ЗКП и поднесената Иницијатива до Уставниот Суд на Република Македонија во врска со неговата согласност со Уставот на Република Македонија.