30.01.2012 Транспаренси Интернешнл – Македонија на 31.01.2012 г. (вторник) со почеток во 12:00 часот ќе одржи прес конференција на која ќе биде презентирана анализа на постапувањата на надлежните институции во врска со констатираните неправилности во работењето на Маѓар Телеком, преку неговата филијала во Република Македонија.
Прес конференцијата ќе се одржи во просториите на Транспаренси Интернешнл – Македонија на (ул. Наум Наумовски Борче 58-спроти Светска Банка ).