Имено, врз основа на Решение за утврдување на својство на споменик на културата – Урбана целина „Централно градско подрачје II“ во Скопје; бр.0804-259/1 од 01.06.1998 година на Завод за заштита на спомениците на културата на град Скопје, граѓаните согласно закон не биле должни да плаќаат данок на имот. Некои од нив откако се стекнале за ова сознание побарале и добиле, од ЕЛС „Центар“ регрес кој според закон можеле да го побаруваат, односно им бил вратен износот на средства уплатен по бесправен основ за последните 5 години. Некои од ови граќани, сега повторно добиле даночно задолжување и исто така задолжување да ги вратат средствата добиени по основ на ваквиот регрес.
Поради тоа што плаќањето на даноци е од општ интерес ТИ–Македонија се обрати до Министерството за култура на Република Македонија – Управата за заштита на културното наследство за да се стекне со релевантни информации во врска со изнесените наводи. Од почитуваниот наслов на 12.06.2012 година ни беше доставена целосна информација која го содржи и новото Решение на Управата донесено врз основа на предлог поткрепен со елаборат доставен од НУ Конзерваторски центар Скопје.
Со цел за подобро информирање на сите засегнати граѓани добиената информација во целост ја приложуваме кон ова Сооопштение.
Од добиените информации јасно се гледа дека Решението со кое ова подрачје во Градот Скопје, во опфат на ЕЛС „Центар“ е донесено на 23.03.2012 година (Уп.бр.18-55) и дека истото го укинува погоре цитираното Решение од 1998 година. Согласно ова Решение засегнатите граѓани од 23.03.2012 година натаму ќе треба да го плаќаат данокот на имот кој се наоѓа во ова подрачје на ЕЛС „Центар“ согласно даночното задолжување врз основа на законските прописи.
Новото Решение не го поништува претходното, туку само го укинува, па поради тоа сметеме дека околу законитоста на зад олжувањето за враќање на добиениот регрес граѓаните треба дополнително да се консултираат со правните служби, односно дека оние граѓани кои платиле данок на имот но не побарале регрес истото можат да го сторат за последните 5 годни.
Транспаренси Интернешнл – Македонија