15.10.2012 Од денес во Тетово започна да работи канцеларија на Транспаренси Интернешнл -Македонија во која ќе функционира Центар за совети и правна помош на. Во канцеларијата лично, преку телефонско јавување или електронска пошта граѓаните ќе добијат правни совети за случаите поврзани со корупција. Канцеларијата обезбедува правни совети и прима претставки кои се поврзани со корупција, а се со цел да се идентификува структурна, институционална и правна слабост.
На тој начин, тетовци ќе имаат можност да го споделат своето искуство и да кажат на другите за да на тој начин се прошири борбата против корупцијата.
Канцеларијата се отвори со финансиска подршка на холандската амбасада. На отворањето на регионаланата канцеларија на Центар за совети и правна помош присуствуваше и амбасадорката на Кралството Холандија, Мариет Шурман. Таа посочи дека корупцијата не ја чини само државата туку таа има и човечки трошок, па токму затоа потребно е граѓаните да се инволвираат како вистинска алатка во процесот против корупцијата.
Ова е трета канцеларија на Центарот за совети и правна помош на Транспаренси Интернешнл – Македонија. Првите две се отвоерни и функционираат во Скопје и Штип.
Извор: РТВ Кисс



