29.11.2012 Државната комисија за спречување на корупција во соработка со Транспаренси Интернешнал – Македонија и подршка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 29.11.2012 во Скопје организираше јавна дебата на тема “Презентација на резултатите од истражувањето за корупцијата во медиумите и граѓанско општество”
Истражувањето кое го подготви Агенцијата Рејтинг, покажува дека повеќето од половината анкетирани сметаат дека медиумите во Македонија не известуваат објективно (54%), а дури 60 % веруваат дека корупцијата е многу или средно распространета по различни основи, како промоцијата на партиските политики и распределбата на владините пари за рекламирање се начини преку кои можат да се корумпираат медиумите.
Исклучително висок процент на граѓани се согласиле со тврдењето дека медиумите се продолжена рака на партиите (83%) и дека постои врска помеѓу бизнисот, политиката и медиумите (81%).
Д-р Слаѓана Тасева истакна дека најглем ризичен фактор е финансирањето на медиумите и здруженијата на граѓани кои поради политизација и партизација се нарушува кредибилитетот на останатите и на тој начин се спроведува политичката волја. Поради тоа се јавува потреба за воспоставување на системско решение и надминување на овие проблеми.
Членот на Совет за радиодифузија, М-р Методија Јанчевски истакна дека врската на носителите на јавни фукции и можноста да бидат сопственици на медиуми е исклучена според член 11 од Законот за радиодифузна дејност. Досега кај 6 радиодифузни друштва што функционираат беше утврден проблемо во однос на истиот член од Законот, за што Советот за радиодифузија остро реагираше и спроведе соодветни мерки.
Мирјана Димовска од ДКСК, пак додаде дека во моментов прикриената сопственост е многу страшен проблем, како и основачкиот влог за медиумите од 20.000 – 30.000 денари. Оваа вистина треба да се промени, висока е перцепцијата на граѓаните кои сметаат дека медиумите не се објективни. При тоа треба да се залагаме за зголемен професионализам, зголамен степенот на регулација и зајакнување на довербата на медиумите на долг рок.
Дури 44,3 отсто веруваат дека распределбата на средствата за владините кампањи во медиумите е најраспространета корупција, додека пак 35,2 отсто од граѓаните не веруваат во владата дека вистински се залага за спречување на корупцијата во медиумите.
Од аспект на анализата за граѓанскиот сектот истражувањето покажа дека речиси една третина на граѓаните (29%) сметаат дека корупцијата е широко распространета и во невладините организации, како и 22% кои сметаат дека корупцијата е средно распространета.
Наодите од истражувањето покажаа дека постои висок процент на граѓани кои сметаат дека постои корупција при доделување на средствата од буџетот за невладините организации (63%). Со овој податок се согласија и другите учесници на јавната дебата кои исто така сметаат дека квази организации за остварување на политички цели добиваат финансиска подршка од владата. Ова се потврдува и со анкетата каде повеќето граѓани на Македонија се согласуваат со тврдењето дека невладини организации во Македонија се основаат за остварување цели на политичките партии (67,5%).
Проф Д-р Ѓорѓи Спасов истакна дека огроми средства од буџетот, како на централно така и на локално ниво се доделуваат на граѓанските организации, при тоа на нетранспарентен начин и без отчетност. НВО секторот треба да се залага за намалување на извирите на ризици, нивна операционализација и правење на дополнителен исчекор за понатамошно делување против корупцијата.
И покрај нискиот степен на доверба кај граѓанскиоте организации сепак, 52% од граѓаните оценуваат дека невладиниот сектор дава придонес во спречувањето на корупцијата во Македонија. Државната комисија за спречување на корупцијата има најголема доверба од страна на граѓаните дека најефикасно може да ја спречи корупцијата во медиумите и во невладиниот сектор.
Со ова истражување беа опфатени 1080 испитаници и се споведе во периодот од 06 – 11 ноември 2012 ноември 2012. Опфативни беа 8 региони во сите 84 општини во РМ, на репрезентативен примерок во однос на основните социодемографски белези на граѓаните на Македонија по пол, возраст, етничка припадност, место на живеење и образование.