Истрагата беше водена од американската правна куќа Вајт и Чејс по иницијатива на внатрешната ревизија во компанијата поради сомневање во законитоста на склучени и исплатени договори од кои би произлегла низа на коруптивни кривични дела, предвидени со Законот за странски коруптивни постапки Foreign Corrupt Practices Act (FCPA) на САД, односно казниви според македонското и законодавства на други држави.
Интересот на ТИ-М произлезе од причини што дел од овие договори се тесно поврзани со филијали на Маѓар Телеком во Македонија како Македонски Телеком АД – Скопје и Камени Мост Комуникации АД – Скопје, а Вајт и Чејс истакнуваат основан сомнеж со наводи за корумпирање на функционери и челници на политички партии во Македонија од страна на раководни лица во Македонски Телекомуникации АД, се заради стекнување со погодности на пазарот на телекомуникациски услуги во 2005 година и 2006 година.
Во предвид беа земени Годишниот Извештај на Групата на Македонски Телеком за 2009 година и други годишни извештаи на оваа компанија, судски и други јавно објавени документи на американската Комисија за хартии од вредност и Министерството за Правда на САД датирани од 29.12.2011 година, како и известувања за активности на домашните органи надлежни за кривичен прогон.
¢ Јавното обвинителство да поведе постапка за утврдување на одговорноста на странскиот државјанин Димитрис Контоминас за кого во извештајот од Министрството за Правда на САД постојат недвосмиелени констатации дека тој лично и неговите фирми учествувале во коруптивната шема во која се поткупени високи функционери во Република Македонија
¢ Во САД сметат дека се работи за коруптивна шема чии идејните творци и планери треба по судски пат да се соочат со последиците.
¢ Маѓар Телеком како правно лице кое се стекнало со погодности и направило повреди на Законот за странски коруптивни постапки (FCPA) се соочува со судско кривично гонење.
¢ Дел од организаторите се товарат со Тужба која бара тие да ги вратат незаконски стекнатите придобивки и да се стават во таква положба повеќе да не можат да вршат вакви дела.
¢ Со одлуката на судот во САД, Маѓар Телеком и ДТ се обврзува дека на нема да го негира ниту оспорува фактите докажани и презентирани од страна на МП на САД
¢ Во документите на САД се тврди дека е утврден посредникот и дека не е неопходно да се знае идентитетот на примачот на поткупот за да се утврди одговорноста на посредникот
¢ Дел од тие факти се однесуваат на Грчкиот државјанин Димитрис Контоминас и неговите компании
¢ Со поведување на постапка против Контоминас институциите на државата да преземат дејствија за испитување на законитоста на активностите на Контоминас и неговите компании на подрачјето на Република Мекедонија
¢ За сите преземени дејствија Јавното обвинителство на Република Македонија редовно, а најмалку еднаш месечно да ја информира јавноста и Транспаренси Интернешнел Македонија