Проектот „Пријави Корупција“ кој е имплементиран од страна на организациите Транспаренси Интернешнл – Македонија и Центар за меѓународни односи од Вашингтон ја доби и својата мобилна апликација за Ајфон.
Апликацијата им дозволува на корисниците да ги пријават случаите на корупција, да селектираат категории, локација или пак да ги листаат веќе поставените пријави кои се прикачени на оваа страна.
Оваа апликација е прва од ваков вид на Балканот, но и во Европа. Пријавите се проверуваат од тимот кои работи позади овој проект, а верификуваните ќе бидат поставени на веб сајтот www.prijavikorupcija.org , како и автоматски на оваа апликација.
Изборните неправилности за локалните избори , граѓаните можат да ги пријавуваат во делот “Финансирање на партии”.
Апликацијата е достапна на iTunes преку оваа врска:
https://itunes.apple.com/mk/app/prijavi-korupcija/id598607967