– Тој во случајот кој ние го обелоденивме ги ставил на располагање своите компании со цел преку нив да се извршат трансфери за да се даде поткуп на високи функционери во РМ, а тие дејствија се инкриминирани во сите меѓународни договори и конвенции на кои е потписник Република Грција и тие ги имаат истите дејствија во своите кривични дела, вели Тасева.
Во земјава со години нема никакви активности за целосно расчистување на случајот „Маѓар Телеком“ иако и внатрешните ревизии на компанијата и истргата која се водеше во САД потврдија дека високи владини функционери во земјава земале поткуп за да ја одржат монополската пазарна позиција на „Македонски телекомуникации“.
– И кога сето тоа го знаат, зачудува како нашите институции не се заинтересирани да покажат активност во рамките на своите законски обврски. На нив тоа им е работа и не треба да чекаат некој посотјано да ги повикува или да им праќа какви било информации и сознанија. До сега беше зачудувачки што тоа не се случуваше. Очекувам дека сега ќе се заинтересираат или барем дека соодветно ќе одговорат на барањата, кои очекувам дека ќе ги добијат од грчките обвинители за одредени информации, изјави Тасева.
Засега нема никакви најави за обелоденување на македонските политичари кои се офајдиле од милионскиот криминал. Обвинителството води истрага против само четири лица, меѓу кои е и поранешниот прв човек на „Македонски Телекомуникации“, Атила Сендреј. Кондоминас во Грција се товари за перење пари и проневера, а во земјава е актуелен со изградбата на хотел и Градска куќа на парцела веднаш до плоштадот Македонија во Скопје.
Извор: Телма