10.02.2014 Ревизијата што беше спроведена за проектот “Скопје 2014“ ќе има разрешница, делата што се опфатени не застаруваат. Ова го изјави Слаѓана Тасева, престседателка на Транспаренси Интернешнл.
Целата емисија Тренд изгледајте ја во продолжение.
Тасева за емисијата “Тренд“ на 24 Вести изјави:
“Ќе дојде денот кога ќе мора да се расчистат наодите по ревизијата на “Скопје 2014 та“. Имаше сериозни укажувања во делот на јавните набавки за избор и за лиење споменици. Ако имавме држава во која владее правото, ние ќе имавме визија за тоа каква разрешница треба да има случајот. Нас ќе ни се случи истото што и се случи на Хрватска, а сега и на Србија, а тоа е испорачана листа на случаи што ќе мора да се расчистат и веројатно тогаш сите ние ќе ја видиме разврската. Добрата работа е што овие дејства, односно дела што се опфатени не застаруваат така лесно затоа што станува збор за високи суми и квалифицирани облици на дела“, рече Тасева.
Според неа, изборната кампања не само што е во полн ек, туку таа воопшто и не е запрена. Смета дека Комисијата за спречување на корупција не ја врши својата работа.
“За жал оваа институција се повеќе сака да кумулира надлежности, но не одговори на својата задача. Веќе ја заборавивме, јас едноставно воопшто не размислувам што треба да прави или како да внимаваат тие што треба да винимаваат за комисијата да не ги повика на некаква одговорност. Не верувам дека воопшто тоа ќе се случи. Сметам дека ние како невладин сектор треба да се организираме и да повикаме на одговорност“, изјави Тасева за 24 Вести.