Експертот кој треба да има и искуство во организирање и држење на обуки, ќе работи во рамките на меѓународен проект наменет за поддршка на независни медиуми во земјава.
Првиот ангажман се очекува да биде од 17 – ти март 2014 година.
Станува збор за обука на уредници и новинари во повеќе области, во рамките на проектот „Поддршка на независните медиуми во Република Македонија: Застапување и обука за унапредување на почитувањето на најдобрите меѓународни практика“.
Проектот е воден од невладината ERIS (http://www.eris.org.uk/ ) од Велика Британија, во соработка со Транспаренси Интернешнл Македонија, а финансиски е поддржан од Европската Унија преку програмата ЕИДХР.
Прецизните услови за тоа каков тип на медиумски експерт ни е потребен, се објавени во прилог на овој Конкурс
Конкурсот е отворен до 13.03.2014. Вашите CV на англиски јазик можете да ги испратите на info@transaprency.org.mk Кандидатите кои ги исполнуваат сите услови ќе бидат повикани на разговор на 14.03.2014.
======================================================================
Прилог со објаснување и бараните услови:
Проектна задача
Позиција: Медиумски експерт/Обучувач
Проект: Поддршка на независните медиуми во Република Македонија: Застапување и обука за унапредување на почитувањето на најдобрите меѓународни практика.
Времетраење на ангажираноста во проектот: 19 работни дена
Временска рамка на ангажманот: Неколку ангажмани во период од март 2014 до јануари 2015
Место: Скопје, Република Македонија
Историјат:
Општата цел на овој проект е зајакнувањето на независните медиуми и помош за осигурување дека тие играат конструктивна и одговорна улога во развојот на демократијата.
Посебните цели се:
• унапредување на почитувањето на меѓународните стандарди и добри практики во врска со слободата на изразување и независноста на медиумите преку формирање на кооперативна група што ќе се зазема за подобрено однесување на националните медиуми;
• поттикнување на знаењата и вештините што се потребни за i) непристрасно, објективно и балансирано известување, ii) висококвалитетни коментари, статии и емисии што ќе помогнат да се поттикне разумен национален дискурс; и
• обезбедување обука за професионалните и техничките аспекти на медиумската работа;
Опис на работното место – Медиумски експерт/Обучувач
Медиумскиот експерт/обучувач ќе спроведува дел од обуката за новинарите, ќе постапува во својство на ментор на обучените новинари и ќе дава придонес во работилниците и конференцијата во текот на фазата на застапување.
Одговорности:
• Спроведување на фазата за утврдување на концептот и опфатот на проектот со сите проектни партнери за да се осигури консензус за проектот;
• Спроведување на „процена на почетната состојба“ на независните медиуми на почетокот на проектот за најјасно утврдување на нивните потреби;
• Спроведување на семинарите за обука во фазата на обука во проектот:
o три семинари за обука за главните уредници за:
i) добра практика и меѓународни стандарди;
ii) концепти за непристрасност, објективност и балансираност во известувањето;
iii) вештини и техники за подобрување на надзорната улога на медиумите
o три семинари за 40 новинари за:
i) добра практика и меѓународни стандарди;
ii) концепти за непристрасност, објективност и балансираност во известувањето и нивна практична примена;
iii) практична примена на вештините за пристап до јавните и приватните извори.
• Спроведување работилница за уредниците и известувачите за дискусија како независните медиуми треба да се справат со користењето на говорот на омразата, што претставува значаен проблем во Македонија.
• Водење менторски сесии во текот на фазата на спроведување и менторство за развивање на вештините на новинарите и осигурување дека тие ќе продолжат да размислуваат за наученото при вршењето на својата работа.
• Спроведување обука од шест тематски области што ќе бидат утврдени во текот на фазата за процена на почетната состојба;
• Спроведување три тематски работилници, по една за правата на новинарите, реформите на медиумските закони и за меѓународните стандарди и добри практики во областа на медиумите во текот на фазата на застапување.
• Спроведување на завршната конференција на која ќе се соберат сите заинтересирнаи страни и изготвување на Изјава за принципите и Кодекс на однесување за слободата на медиумите.
Искуство:
• Искуство во обучување на новинари од пишаните и аудио-визуелните медиуми на теми како што се етиката и најдобрите практики, истражување на стории, истражувачко новинарство, спроведување интервјуа, пишување за ТВ (важно)
• Искуство со меѓународни проекти: утврдување на календар на активностите и изготвување извештаи (важно)
• Искуство во зајакнување на медиумите, (неопходно)
• Искуство во раководење на тим (неопходно)
• Искуство во работата на Балканот / Југоисточна Европа (пожелно)
• Искуство во проекти за унапредување на слободата на изразување и демократијата (пожелно)
Образование:
• Универзитетска диплома од областа на медиуми, новинарство, меѓународни односи, политички науки, историја, развој, право или други релевантни области, или професионално искуство што може јасно да се докаже (неопходно)
• Завршени магистерски студии од релевантните области (пожелно)
Поднесување извештаи и надзор:
Кандидатот ќе поднесува извештаи за постигнатиот напредок и за активностите до раководителот на програмата на ERIS, со седиште во Лондон и до програмскиот координатор со седиште во Транспаренси Интернешнл – Македонија.