05.12.2015 Транспаренси Интернешнл-Македонија (ТИ-М) има потреба од ангажирање на здруженија на граѓани на ниво на Република Македонија, со цел имплементација на проектот: “Мониторинг на трошењата од буџетите и политичките партии во предизборниот и изборниот процес”, финансиран од страна на Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија.
Проектот се реализира во соработка со Центар за Економска Анализа (ЦЕА) и има за цел да реализира мониторинг на трошењата од страна на политичките партии и јавната управа за време на изборите во Април 2016.
Опис: Заинтересираните здруженија да предложат по двајца вработени:1 (еден) од областа на финансиското работење и 1 (еден) од областа на општествените науки (политички науки, правни науки, административно работење и слично) кои ќе бидат ангажирани за имплементација на предвидените проектни активности. Избраните кандидати ќе бидат обучени за спроведување на мониторингот.
Период: 6 месеци
Повикот се однесува на здруженија на граѓани од следните региони:
1. Скопски Регион, со општините: Гази Баба, Аеродром и Центар;
2. Вардарски Регион, со општините: Велес, Кавадарци и Чашка;
3. Источен Регион, со општините: Штип, Кочани и Карбинци;
4. Југозападен Регион, со општините: Струга, Охрид и Македонски Брод;
5. Југоистоен Регион, со општините: Струмица, Гевгелија и Босилово;
6. Полошки Регион, со општините: Тетово, Гостивар и Врапчиште;
7. Пелагониски Регион, со општините: Битола, Прилеп и Новаци;
8. Североисточен Регион, со општините: Куманово, Крива Паланка и Кратово.
При аплицирањето, задолжително, секој потенцијален набљудувач треба да наведе за кој плански регион е заинтересиран.
Критериуми кои треба да ги исполнуваат кандидатите:
За здруженија на граѓани:
– Да се занимаваат со активности и проекти од областа на владеењето на правото и/или економските прашања;
– Да спроведуваат активности од минимум 5 години (да се достави листа на имплементирани проекти);
– Да се регистрирани согласно Законот за Здруженија и Фондации;
За предложените кандидати:
– Најмалку 3 години работно искуство од областа на финансиското работење ( еден кандидат);
– Најмалку 3 години работно искуство од областа на општествените науки ( еден кандидат);
– Одлични аналитички, комуникациски и истражувачки способности;
– Политичка не-експонираност;
– Познавање на регионот и подготвеност за патување;
– Познавањето на албански јазик ќе се смета за предност;
Здруженијата и нивните кандидати треба да поднесат доказ за сите компетенции наведени во огласот.
Огласот трае 7 дена од датумот на објавување.
Селектираните здруженија дополнително ќе бидат контактирани и поканети на разговор. Апликациите да се испрататат по пошта на адреса Транспаренси Интернешнл -Македонија ул. Наум Наумовски Борче бр. 58, ПФ 270 или на e-mail job@transparency.mk.
Се поттикнуваат да аплицираат кандидати од двата пола, со цел остварување на родова рамноправност при изборот.