Корупцијата е сеуште висока, но во 2015 се наѕира малку надеж
Транспаренси Интернешенл ги повика сите, од секаде да пријават корупција
27.01.2016 Берлин– 2015 покажа дека ако луѓето работаат заедно ќе успеат во борбата против корупцијата. Иако, корупција на глобално ниво сеуште е висока, многу земји ги подобрија, а помалку ги влошија своите резултати во во 2015, според Индекс на Перцепција на Корупцијата (ИПК).
Сѐ на сѐ, 2/3 од 168 земји во 2015 имале резултат под 50, на скала од 0 (висок степен на корупција) до 100 (низок степен на корупција).
Сепак во земјите како Гватемала, Шри Ланка и Газа граѓанските активисти во групи и поединечно се бореа напорно против корупцијата, праќајќи силна порака што ги охрабруваше другите да преземат одлучувачки дејства во 2016.
„Корупцијата може да се победи ако работиме заедно. За да се искорени злоупотребата на власта, митото и да се обелоденат тајните зделки, граѓаните мора заеднички да им покажат на нивните влади дека им е доста.
ИПК од 2015 јасно покажува дека корупцијата останува болка низ светот. Но, 2015 беше година кога луѓето излегоа на улица да протестираат против корупцијата. Луѓето низ светот пратија силен сигнал до тие што се на власт: Време е да се справиме со огромната корупција“ – кажа Хозе Угаз, Шефот на Транспаренси Интернашенл.
Големата корупција е злоупотреба од највисоко ниво, од која корист имаат малкумина за сметка на трошоците од многуте и таа предизвикува сериозна и широко распространета штета на поединците и општеството. Често поминува неказнето.
Оваа година Транспаренси Интернешенл ги повика сите да учествуваат со гласање на unmaskthecorrupt.org. Сакаме да знаеме во кои случаи, јавноста најмногу верува во итноста на преземањето на одговорности, за да се прати порака дека ние ќе застанеме против големата корупција.
Бразил го имаше најголемиот пад на индексот, паѓајќи за 5 поени и 7 места за да се рангира како 76-та земја. Скандалот со Петробрас ги однесе луѓето на улица во 2015 и започнувањето на судскиот процес може да му помогне на Бразил да ја сопре корупцијата.
Охрабрувачките стории за борба против корупцијата може да се најдат на нашата страна, вклучувајќи ја Монголија, Гватемала и за укажувачите (whistleblowers) од нашата мрежа, кои имале успех на повеќе од 100 поглавја.
Резултати
ИПК го покрива јавниот сектор на 168 земји.
Данска, втора година по ред го има првото место, а Северна Кореа и Сомалија се сметаат за најлошо рангирани, секоја со по 8 поени.
Водечките земји против корупција ги имаат следните клучни карактеристики: високо ниво на слобода на медиумите; пристап до буџетските податоци за јавноста да знае од каде доаѓаат средствата и како се трошат, високо ниво на интегритет од лугето на власт; судството кое не прави разлика помеѓу сиромашни и богати и се вистински независни од другите делови на власта.
Во продолжение, најниско рангираните земји имаат конфликти и војна, слаби јавни институции (полиција и судство) и недостаток на независнот во медиумите.
Најголем пад во последните 4 години имаат Либија, Австралија, Бразил, Шпанија и Турција. Големо подобрување се воочува кај Грција, Сенегал и Обединетото Кралство.
ИПК се засновува врз експертските мислења на јавниот сектор за корупција. Резултатите од земјите може да се подобрат со отворена власт, а се влошуваат каде што преовладува митото, недостатокот од казни за корупција и каде што јавните институции не се одзиваат на потребите на граѓаните.
Транспаренси Интернешнл е водечка граѓанска организација за борба против корупција.