Моќните елити и штетат на борбата против корупцијата во земјите од Западен Балкан и Турција кои пристапуваат кон ЕУ
10.11.2016 Берлин– Борбата против корупцијата во земјите од Западен Балкан и Турција не успева, ставајќи го членство во Европската унија во ризик. Политичките елити имаат преголема моќ и начините за остварување на одговорност на корумпираните се ограничени, според Транспаренси Интернешнл, глобалното движење за борба против корупцијата.
Новиот извештај Национален систем за интегритет во Западен Балкан и Турција: Приоритети за реформи ( http://bit.ly/2elTweW ), ги споредува наодите од седумте оценки на Национален систем за интегритет имплементирани од страна на Транспаренси Интернешнл ограноци и партнери во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција. Се осврнува на тоа колку институциите ја исполнуваат својата цел во борба против корупцијата.
"Клучниот проблем е недостатокот на независноста на судскиот процес и огромната моќ на политичките лидери во однос на повеќето институции. Независно и ефикасно судство, со помош на слободни, критички медиуми и силно граѓанско општество се од витално значење за спроведувањето на владеењето на правото и сузбивање на корупцијата. Премногу често политичките елити едноставно можат да го избегнат судењето за корупција, па дури и изложеноста на нивните коруптивни дејства ", изјави Корнелија Абел, регионален координатор за Европа и Централна Азија на Транспаренси Интернешнал.
Според Трансперенси Интернешнал, нивото на корупција и слабото управување во Западен Балкан и Турција ја поткопуваат стабилноста во овој инаку кревок регион, кој што веќе и онака е во напната состојба додека од друга страна на границата има војна.
ЕУ мора да се обезбедни строги услови во пристапните преговори околу судството и фундаменталните права, правдата и слободата како што е наведено во процесот на пристапување во ЕУ за поглавјата 23 и 24.
Иако многу од земјите во студијата имаат преземено важни чекори за да ги развијат и зајакнат своите системи за спречување на корупцијата, нивниот напредокот е бавен и најчесто само на хартија. Закони се воведени, но тие не се спроведуваат. Независноста на медиумите и граѓанското општество се исто така под закана.
Истражувањето за извештајот е завршено пред неуспешниот државен удар во Турција и понатамошното казнување на медиумите и опозицијата. Но овој трендот да се концентрира моќта во политичкото раководство, слабата способноста за спроведување на законот за гонење на корупцијата и ограничената слобода на печатот се очигледни во сите истражувани земји.
Во извештајот се заклучува дека политичките партии се најмалку транспарентни играчи. Тие располагаат со најголема моќ, а сепак тешко е да бидат казнети за коруптивно дејствување. Ова има големо влијание во однос на другите столбови на системот за национален интегритет. Повреда на изборите и на изборната кампања речиси никогаш не се казнуваат и оние кои имаат пари може да влијаат на изборите.
"Земјите не можат само да носат закони со кои ветуваат дека ќе се борат против корупцијата; тие треба да дејствуваат со овие закони. Ние не гледаме дека тоа се случува постојано низ земјите од Западен Балкан и во Турција. Ако земји се сериозни во врска со приклучувањето кон Европската унија, корупцијата мора да биде санкционирана и независните актери – како судството – мора да се зајакне ", изјави Абел од Трансперенси Интернешнал.
Во извештајот се правени следниве клучни препораки:
• Влијание на извршната власт врз судството и обвинителството мора да се намали преку обезбедување повеќе транспарентни и објективни системи за назначување, префрлање и разрешување на судии и обвинители.
• Сите наводи за закани и насилство врз медиумите и претставниците на граѓанското општество мора да се испитат без одлагање и строгите казни мора да се применат кога тие се добро основани.
• Мора да има посилен и координиран надзор на активностите на политичките партии и финасирањето на кампањите. Прекршувања на изборните и на изборната кампања мора доследно да бидат казнети.
###
Transparency International е глобална организација на граѓанското општество ќе се бори против корупцијата.