05.01.2017 Транспаренси Интернешнл –Македонија (TИ-М) има потреба од квалификуван кандидат кои ќе работи во канцеларијата во Скопје за следново работно место:.
1. Позиција: Асистент на проект
Кандидатот покрај општите треба да ги исполнувааат и следните услови:
– Диплома за завршено високо образование;
– Одлично познавање и употреба на англискиот јазик (говор и пишување);
– Активно користење на MS Office;
– Способност за подготовка на извештаи и статистички прегледи
– Одлични комуникациски вештини;
– Чувство на одговорност во извршувањето на поставените задачи;
– Креативност, самоиницијативност и способност за работа во тим.
Кандидатите треба да поднесат доказ за сите компетенции наведени во огласот.
Огласот трае 15 денови од датумот на објавување.
Предност имаат кандидатите кои имаат искуство во граѓански организации во спроведување на проектни активности.
Селектираните кандидати ќе бидат поканети на разговор. Познавањето на јазик ќе се провери со интерно тестирање.
Апликациите да се испрататат по пошта на адреса на Транспаренси Интернешнл –Македонија , ул. Наум Наумовски Борче бр. 58, ПФ 270 или на e-mail job@transparency.mk