Времетраење на проектот: 1 декември 2020 – 31 мај 2021 година
Проектот Борба против незаконските текови – „Како регулативите против перење пари се усогласуваат со заштитата на податоци“ започна да се спроведува од 1 декември 2020 година и е прв регионален проект од овој тип спроведен помеѓу Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, и Косово.
Целта на проектот е да се направи проценка на националните правни и институционални легислативи на секоја од државите, како се приближуваат до 4-та и 5-та Директива на Европската Унија против перење пари. Проектот е поддржан од GIZ од Министерството за економска соработка и развој на Германија и Министерството за надворешни работи на Норвешка.
Тимот на проектот се состои од по два експерти од секоја од четирите држави, еден кој што ќе работи на теми поврзани против перењето на пари, а вториот ќе се осврне на одредбите за заштита на податоци. Експертите ќе ги анализираат постоечките практики против перење пари во четирите држави и каде што е возможно ќе ги откријат пропустите во пристапот со заштитата на податоци, како во регулативите така и во пракса.
Како резултат ќе има четири национални извештаи и еден финален регионален извештај кои ќе бидат презентирани на властите. Тие ќе состојат информации како борбата против перење пари и борбата против финансирање на тероризам наспроти одредбите за заштита на податоци се организирани во регионот. Како последно, ќе се организира конференција или онлајн средба со присуство на регионална публика, каде што ќе се изнесат, дискутираат и прегледаат наодите.