Транспаренси Интернешнл Македонија во рамки на проектот: Завршување на неказнивоста за голема корупција во Западен Балкан и Турција истражува случаи на корупција и следи закони донесени „по мерка“ коишто се овозможувачка околина за владеење на корупцијата наместо владеење на правото.
Овој проект го спроведува заедно со Секретаријатот на Транспаренси Интернешнл и партнерите од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија и Турција. Проектот: „Завршување на неказнивоста за голема корупција во Западен Балкан и Турција“ е поддржан од Европската Унија.
Во рамките на проектот се подготви публикација во која се дава преглед на случувањата поврзани со случаи на висока корупција и закони скроени по мерка. Овој извештај се обидува да ги појасни природата и обемот на високата корупција преку идентификување на случаите на заробување на државата во правосудниот систем и законите скроени по мерка.
Транспаренси Интернешнл-Макeдонија преку овој проект сака да придонесе кон намалување на донесувањето на ваков тип на закони и да го насочи вниманието на јавноста кон потребата за казнивост за вакви дела.
Публикацијата можете да ја погледнете на следниот линк:
Visoka_korupcija_i_zakoni_skroeni_po_merka_vo_Republika_Severna_Makedonija
Проектот „Завршување на неказнивоста за голема корупција во Западен Балкан и Турција“ е поддржан од Европската Унија.