Во рамките на проектот „Промовирање на заеднички вредности низ Европа“ поддржан од Европската Унија преку програмата „Европа за граѓаните“, Транспаренси Интернешнл- Македонија спроведува кратко истражување во онлајн формат. Овој проект е имплементиран од Транпаренси Интернешнл – Македонија, Транспаренси Интернешнл – Унгарија, Асоцијација Експертски Форум од Романија и Косовскиот Демократски Институт.
Кратки информации за проектот
Основната цел на проектот е да се промовираат европските вредности како што се владеењето на правото, демократија, транспарентност, слобода на медиумите, еднаквост и солидарност помеѓу Истoчно-европските земји и кандидатските земји. Дополнително на тоа проектот ќе се обиде да ја поттикне вклученоста на граѓаните и нивно вклучување во демократските процеси на локално, национално и меѓународно ниво.
Онлајн форматот за истражувањето е достапно на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdh_VEkepCW5WEHBwZhpk5qEqXVb_xZvXtQMLhGMhO0QvsckA/viewform
Пополнувањето на прашалникот нема да ви одземе повеќе од 5 минути.