ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ВИДЕА
Број на повик: 10/2021
- Назив и адреса на добавувачот
Здружение ТРАНСПАРЕНСИ ИНТЕРНЕШНЛ МАКЕДОНИЈА – Скопје
ЕМБС: 6166741
ЕДБ: 4030006613889
Адреса: Наум Наумовски Борче бр. 58, 1000 Скопје
02/3217-000, info@transparency.mk
- Предмет на набавка
Предмет на повикот е барање за доставување на понуди за изработка на две (2) видеа за застапување во областа на заштита на укажувачи (whistleblowers) преку правната рамка и развивање на свеста на граѓаните за правните механизми за безбедно пријавување. Ова барање е во рамки на проектот на Транспаренси Интернешнл Македонија: „Застапување за спроведување на легислатива за укажувачи во Северна Македонија“ поддржан од грант на Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund и Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград .
Целта на проектот е понатамошно влијание врз соодветна практична имплементација на законодавството за укажувачи преку обезбедување на континуитет во соработката со соодветните институции, подигање на свеста кај граѓаните и ажурирање на интерактивната веб -платформа за укажувачи https://ukazuvac.mk/ .
Специфични цели на проектот се:
– да се воспостави континуитет во соработката помеѓу граѓанските организации, приватниот сектор и релевантните државни институции во обезбедувањето поддршка на механизмите за заштита на укажувачите
– понатамошно усогласување на законодавството за укажувачи со правото на ЕУ
– подигање на јавната свест во врска со законодавството за укажувачи и воспоставените канали за заштитено пријавување, објаснувајќи го постоечкиот механизам за заштита и обезбедување релевантни информации за безбедно пријавување и правна заштита на укажувачите.
Детален опис на предметот на договорот е даден во технички карактеристики.
- Рок на изведба и испорака
Носителот на набавката е должен предметот на набаваката да го испорача на барање на добавувачот согласно одредената динамика во временски период 06 декември 2021 година – 20 декември 2021 година. Крајниот рок се однесува за одобрено финално видео од страна на нарачателот.
- Технички карактеристики на услугите и обврски на извршителот
Носителот на набавката ќе биде обврзан да подготви две (2) видеа во должина од 120 до 180 секунди на тема за укажувачи (whistleblowers), застапување на укажувачите преку правната рамка, легислативата во Северна Македонија, развивање на свеста кај граѓаните за правните механизми за заштитено внатрешно и надворешно пријавување, како и зајакната соработка на институциите со сите засегнати страни за целосно усогласување на Законот за заштита на укажувачи и другите правни инструменти со законодавството на ЕУ.
Извршителот ќе има обврска за:
- Одржување на состаноци со проектниот тим на нарачателот
- Подготовка на креативен и идеен концепт кој ќе ги претстави комуникациските пораки на достапен начин
- Подготовка (снимање, едитирање, аудио продукција) на две видеа
- Испорака на две (2) видеа со нарација на македонски јазик (со вклучени титлови) во должина од 120 до 180 секунди во HD 1080p квалитет
- Спроведување на правила на видливост на донаторот во соработка со проектниот тим
- Потребна документација
За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:
- Професионално резиме на ангажираното лице/а
- Портфолио со референтна листа на претходно изработени видеа на тема за укажувачи, анти-корупција и сродни области, со референци (податоци за клиент, тип на видео, големина на примерок и година на изработка)
- Тековна состојба од Централен регистар на РСМ (не постара од шест месеци на денот на аплицирање)
- Финансиски предлог
- Изјава дека ги исполнувате условите за учество на повикот
- Сопственост
Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на нарачателот. Понудувачот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од нарачателот.
- Финансиска понуда
Изразена во нето износ (без ДДВ) и бруто износ (со вклучен ДДВ) во МКД. Вкупниот, нето, надомест за извршените услуги не смее да ја надминува сумата од 307.500 денари со вклучен ДДВ за изработка на две (2) видеа.
Проектот не е ослободен од плаќање ДДВ.
- Критериум за доделување на договорот и бодување
Максималниот број на поени кој еден апликант може да ги добие од евалуација е 30.
Следните критериуми ќе се земат во предвид при оценување на понудата:
- Технички критериум – не се оценува, се евидентира со ДА или НЕ, дали апликантот има доставено комплетна документација појаснета во точка 5 Потребна документација. Апликациите кои се технички неисправни и евидентирани во евалуацијата со НЕ по овој критериум ќе бидат дисквалификувани, односно нема да се оценувани од комисија за евалуација
- Професионално резиме на ангажираното лице/а- се оценува годините искуство на ангажираното лице/а во специфична област со максимум 10 поени
- Портфолио со вклучена референтна листа на претходни слични ангажмани-се оценува бројот на проекти вклучени во портфолиото кои се од иста или слична област и тема како и продуктите кои треба да се промовираат со овој повик со максимум 10 поени
- Финансиски предлог – се оценува висината на вкупната сума на понудата со максимум 10 поени
Избор на најдобра понуда – ќе биде избрана како најдобра понуда онаа која ќе биде оценета со најмногу поени од комисијата за евалуација.
- Достава на апликација
Апликацијата треба да биде испратена во електронска форма на info@transparency.mk . Краен рок за доставување на апликацијата е 09 ноември 2021 година до 17:00 часот со назнака „Понуда за изработка на две видеа”. Апликациите доставени по утврдениот временски рок нема да се разгледуваат.
* Изработката на видеата се спроведува во рамките на проектот „Застапување за спроведување на легислатива за укажувачи во Северна Македонија”, финансиски поддржан од грант на Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund на САД и Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград