Транспаренси Интернешнл –Македонија (TИ-М) има потреба од квалификувани кандидати кои ќе работат во канцеларијата во Скопје за следниве работни места:
- Проектен асистент
Опис на работа:
– Поддршка на проектниот координатор во спроведување на проектни активности
– Комуникација со проектниот тим и надворешни лица
-Учество во следење и спроведување на проектните активности
– Логистичка поддршка при организација на настани, обуки и тренинзи
– Подготовка на проектни планови и извештаи
– Собирање и обработка на податоци за целите на проектот
– врши и други работни задачи поврзани со работата на ТИ-М.
Кандидатите покрај општите треба да ги исполнувааат и следните услови:
– Завршено високо образование
– Напредно познање и користење на пакетот Microsoft Office
-Способност за подготовка на извештаи и статистички прегледи
– Одлично познавање и употреба на деловен англискиот јазик (говорен и пишан)
– Развиени аналитички и комуникациски способности, посветеност,вештини за организирање, капацитет за тимска и независна работа.
Предност имаат кандидатите кои имаат претходно искуство во граѓански организации.
- Асистент за застапување/менаџирање на информации
Опис на работа:
– Поддршка на проектниот координатор во спроведување на проектни активности
– Прибирање, внесување и сортирање на податоци
-Учество во следење и спроведување на проектните активности
– Ажурирање на веб страни и социјални медиуми
– Архивирање на писма и документи за комуникација
– Собирање и обработка на податоци за целите на проектот
– Изготвување на инфографици
-Поддршка во подготовка на извештаи,реакции и соопштенија
– врши и други работни задачи поврзани со работата на ТИ-М.
Кандидатите покрај општите треба да ги исполнувааат и следните услови:
– Завршено високо образование
– Напредно познање и користење на пакетот Microsoft Office
– Одлично познавање и употреба на деловен англискиот јазик (говорен и пишан)
– Развиени аналитички и комуникациски способности, посветеност,вештини за организирање, капацитет за тимска и независна работа.
Предност имаат кандидатите кои имаат претходно искуство во граѓански организации.
Работно време
Работната недела е составена од 5 работни дена со вкупно 40 работни часа, од понеделник до петок, од 9 до 17 часот.
Договор за вработување
Со избраните кандидати/ки ТИ Македонија ќе склуќи договор за пробна работа во траење од три месеци со можност за продолжување. Работното време ќе изнесува 40 часа неделно. Взаемните права и обврски во договорот ќе бидат уредени согласно Законот за работни обврски и внатрешните акти на организацијата.
Рок и потребни документи за аплизирање
Заинтересираните кандидати потребно е најдоцна до 19 јули 2023 година да достават:
- детална биографија (CV) со контакт лица за препорака
- писмо за мотивација
При доставување на апликациите да се наведе работната позиција за која се аплицира. Кандидатите кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор.
Апликациите можат да се достават по електронска пошта job@transparency.mk или по пошта на адреса: Транспаренси Интернешнл –Македонија , ул. Наум Наумовски Борче бр. 58, ПФ 270. 1000 Скопје