Претседателката на Транспаренси Интернешнл Македонија учествува на 10-тата Конференција на државите членки на Конвенцијата на Обединетите Нации за борба против корупцијата.
Др. Тасева зема активно учество на повеќе панели и учествува во дискусиите на пленарните седници.
Во рамки на Панелот на GI TOC на 11 декември насловен: GI TOC Using the global Organized Crime Index to Analyse Corruption, https://www.youtube.com/watch?v=vMxY_QOKJdg, Тасева зборуваше за потребата сите меѓународни инструменти и сите воспоставени национални и интернационални агенции да делуваат заедно за постигнување на ефикасност во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Посебно ја истакна потребата можностите за заедничко постапување и меѓународна соработка и другите одредби содржани во двете конвенции на UN UNTOC и UNCAC и да се користат едновремено и координирано. Тие преставуваат солидна глобална права рамка за борба против корупцијата и сите држави членки на UN со многу мал број на исклучоци, се потписници и на две конвенции.
На 12 декември на покана на Картер Центарот во Атланта и Меѓународната иницијатива за интегритет, Др. Тасева учествуваше на панелот “From Support to Governance: Global Anti-Corruption Pathways, Program for Multifaceted Approaches to Prevent Corruption and Enhance Accountability“. Панелот беше посветен на потребата од соработка и помош помеѓу државите околу истражните и обвинителските стратегии за борба против корупцијата. На овој пропратен настан се разгледуваше како научените лекции може да се применат во глобална судска смисла: преку постојан и специјализиран Меѓународен суд за борба против корупцијата.
Др. Тасева имаше чест да направи завршни зборови со: Потребата од Меѓународен суд за борба против корупцијата (The Need for an International Anti-Corruption Court)
Final Carter Center CGS Side Event Run-of-Show v2
На 14.12 во рамки на Пленарната сесија на која се поканети да зборуваат и невладините организации, Др. Тасева зборуваше во рамки на точките 5 – Asset Recovery и точка 6 – International cooperation од агендата.
Во своето обраќање таа посебно ја истакна потребата од мерките кои се изрекуваат од Стејт Департментот врз основа на Законот за резервации на средства, странски операции и сродни програми во рамки на кои се направи подолга листа на лица, бизнисмени и поранешни носители на функции и членови на нивните семејства, кои според Section 7031(c) станале неподобни за влез во САД во ситуација кога за нив постојат релевантни информации дека биле вклучени, директно или индиректно, во висока корупција или тешка повреда на човековите права.
Во својот говор Др. Тасева се заложи меѓународните инструменти за поврат на имот и за истраги да се стават на располагање и да се користат и во вакви случаи, посебно во случаите кога институциите во државата се слаби и неефикасни и ги изгубиле својот кредибилитет и интегритет.
https://webtv.un.org/en/asset/k11/k118xb8dz7