Во ера на дигитализација достапноста од отворени податоци е од исклучителна важност и за борбата против корупцијата. Транспаренси Интернешнл- Македонија во рамките на проектот: „Следење на интегритетот во Западен Балкан и Турција: граѓански организации во борбата против корупцијата со податоци за политичкиот интегритет“ ќе подготви податочен сет за добиени концесии за истражување на минерални добра и изградба на мали хидроцентрали.
Проектот е насочен да ги ги зајакне граѓаните и актерите од граѓанското општество во Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Турција да бараат одговорност од носители на политички функции за интегритетот на политичкото финансирање, донесувањето закони и распределбата на ресурсите. Зајакнатиот политички интегритет треба да поттикне повеќе јавни одлуки во согласност со општото добро.
Транспаренси Интернешнл- Македонија ќе подготви база на податоци во која ќе вклучи информации за добиени концесии за истражување на минерални добра и изградба на мали хидроцентрали. Потребни се отворени податоци и лесен преглед на доделени концесии за да се информираат граѓаните и сите засегнати страни за ова исклучително прашање. Отвореноста на овие податоци има јасна релевантност поради економските и еколошките последици од овие одлуки.
Ова видео е подготвено во рамките на проектот: “Следење на интегритетот во Западен Балкан и Турција: граѓански организации во борбата против корупцијата со податоци за политичкиот интегритет”, имплементиран од Транспаренси Интернешнл- Македонија.
Видеото е ко-финансирано од Европската Унијa и Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка. Содржината на ова видео е единствена одговорност на Транспаренси Интернешнл – Македонија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија, Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), Институтот за демократија и медијација и Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.