Транспаренси Интернешнл-Македонија го подготви извештајот „Национален систем за интегритет на Северна Македонија” во рамките на проектот „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, финансиран од страна Европската Унија и Владата на Швајцарија.
Во рамките на овој извештај е направена анализа и е дадена оценка за 15 столбови, коишто се дел од државното уредување на земјата. Меѓу нив е и столбот којшто се однесува на агенциите за спроведување на законите, со вкупна оцена 58,3.
Препораки за столбот
- МВР треба да утврди ефективно спроведување на донесениот етички кодекс со воспоставување ефективен ветинг на пријавените случаи на судир на интереси и пријава на имот, како и редовно пријавување на подароци и гостопримства за полициските службеници
- МВР треба да објавува информации за бројот случаи и резултати поврзани со тестовите за интегритет на полициските службеници
- МВР треба да воспостави соработка со ДКСК за проактивни истраги на предмети поврзани со корупција. Како резултат, МВР и ДКСК на нивните веб-страници треба да објавуваат засебни статистички податоци за предметите поврзани со корупција.
Национален систем за интегритет – оцена за Република Северна Македонија