Транспаренси Интернешнл-Македонија на почетокот на 2024 година го објави извештајот: „Национален систем на интегритет на Северна Македонија”, којшто беше изработен во рамки на проектот „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, финансиран од Европската Унија и Владата на Швајцарија.
Извештајот содржи анализа на состојбата со столбовите на интегритет на државата во однос на корупцијата и ефективноста на националните напори за справување со корупцијата.
Јавниот сектор е еден на најдобро оценетите столбови во рамки на извештајот, со вкупна оцена 70.
Препораки за овој столб
- Податоците за извршувањето на контролните механизми (изречени мерки препораки одлуки пресуди итн.) треба да се објават во годишните извештаи на институциите од јавниот сектор. Имено, сите годишни извештаи од јавните тела треба да содржат податоци за нивните активности и за извршувањето на нивните одлуки со цел да се осигури ефективна примена на контролните механизми. На пример, колку од нивните одлуки биле спроведени колку биле оспорени со жалба или тужба, и кои биле одлуките на телото или судот од втора инстанца.
Препораки за столбот
- Податоци за употреба на контролните механизми (изречени мерки, препораки, одлуки, пресуди, итн.) треба да се објавуваат во годишните извештаи на јавниот сектор. Сите годишни извештаи на сите тела треба да содржат податоци за нивните преземени активности и имплементирани одлуки за да се осигура ефективна примена на контролните механизми. На пример, колку од нивните одлуки биле имплементирани, против колку била покрената жалба или судска постапка и кои биле одлуките од второстепениот орган или суд.
- МИОА и АА треба да објават годишен извештај за изречените мерки за дисциплинска и материјална одговорност во сите институции вклучително податоци за видот повреда за која е изречена мерката, дали мерката била спроведена, за колку одлуки е побарана правна заштита, видот одлуки од органот од втора инстанца и како тие одлуки биле спроведени.
- Јавните институции треба да ја направат нивната функционална анализа јавно достапна на нивните веб-страници и на веб-страницата на Министерството за информатичко општество и администрација, да дозволат анализа на податоците и врз основа на тоа, да преземат мерки што водат до поефикасна јавна администрација.
Национален систем за интегритет – оцена за Република Северна Македонија