Транспаренси Интернешнл-Македонија во рамките на проектот: „Следење на интегритетот во Западен Балкан и Турција: граѓански организации во борбата против корупцијата со податоци за политичкиот интегритет“ ќе подготви податочни сетови коишто би биле достапни за разните чинители за обработка и анализа.
Едно од полињата кое е многу подложно на корупција се и јавните набавки. База на податоци којашто ќе го покрива ова поле ќе биде подготвена. Секоја земја треба да воспостави ефективен систем за јавни набавки, којшто е отворен и транспарентен и доволно силен за да спречи корупција.
Подготвената база на податоци ќе овозможи лесен преглед на огласите за јавни набавки и доделените договори објавени од релевантните институции.
Иако системот на јавни набавки е зајакнат во последните години како во Северна Македонија, така и во земјите од Западен Балкан, се забележуваат нерегуларности и ризици од корупција. Некои од главните недостатоци кога станува збор за јавните набавки вклучуваат: несоодветни управување со јавните набавки, лошо планирање на набавките, недостаток на отворени постапки за набавки, фаворизирање на одредени оператори, јавни набавки со една понуда, склучување на договори со цена повисока од реалната цена.
Потребни се дополнителни напори и вклучување на сите институционални ресурси за детектирање на ризиците од корупција на ова поле.