На 19 септември 2024 се одржа средба помеѓу претставници на Транспаренси Интернешнл- Македонија и амбасадорката на Кралството Шведска Н.Е. Ами Ларсон Џеин и нејзината заменичка г-ѓа Елизабет Далберг Фриск.
Оваа средба беше организирана за да се поразговара за тековната состојба во борбата против корупцијата, преземените активности од разни чинители и успехот на преземените мерки досега.
Претставниците на Транспаренси Интернешнл- Македонија ги претставија своите активности коишто ги спроведуваат и активно придонесуваат во борбата против корупцијата. Дискусијата продолжи со размена на мислења за тековните случувања поврзани со владеењето на правото и борбата против корупцијата. Дел од фокусот беше ставен на состојбите во правосудтсвото и органите коишто активно земаат учество во борбата против корупцијата.
Шведската амбасадорка ги претстави нивните интереси и можности за соработка за понатамошниот период. Транспаренси Интернешнл- Македонија изрази подготвеност за соработка и размена на добри практики и искуства коишто може да бидат искористени од двете страни за подобрување на состојбата со владеењето на правото и борбата против корупцијата.