На 19-ти февруари во организација на Здружението Асоцијација за демократска иницијатива се одржа форум на кој беа презентирани наодите од анализите на политичките партии, спроведени во рамки на проектот „Демократија водена од податоци: Следење на политичките партии за потранспарентна иднина“.
Во рамките на овој форум претставниците на ТИ- Македонија одржаа тренинг за функционалностите на Integrity Watch Платформата– https://integritywatch.mk/?l=mk. Платформа е развиена во рамките на проектот: „Следење на интегритетот во Западен Балкан и Турција: граѓански организации во борбата против корупцијата со податоци за политичкиот интегритет“, финансиски поддржана од Европска Унијa и регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанското општество за поврзан Западен Балкан кој е финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка. Пред присутните ученици, беа претставени функционалностите на оваа платформа, нејзините составни делови и како податоците може да се филтираат, споредуваат и користат за детектирање на ризици од корупција. Презентирани беа посебните делови од Платформата, кои податоци ги содржи во рамките на трите дела: фианнсирање на политички партии, јавни набавки и експлоатација на минерални суровини и хидроелектрани.
Обуката даде можност за дискусија меѓу учесниците кои преку своите искуства споделија согледувања како може да се користи оваа платформа, кои податоци во иднина би можеле да се вклучат и како истата да биде споделена и провомирана до поголем број на корисници. Ова беше одлична можност за промоција на платформата пред претставниците на политичките партии и институциите.





