Автор: проф. д-р Ивана Шумановска-Спасовска
Јакнењето на интегритетот на институциите е особено значајна тема како за процесот за реформи во јавната администрација, така и за спречување на корупцијата. Ова е тема која ги засега интересите на институциите, на вработените, на граѓаните, на приватниот сектор. Тема која е значајна за демократскиот, општествениот и економскиот развој на една држава.
Имено, на оваа тема постојано се говори, истражува и пишува. Кога ќе се спомене транспарентност во работењето на институциите, одговорност, отчетност, етично работењето на вработените или професионална и деполитизирана администрација сето тоа укажува на интегритет во институциите. Затоа што делотворното спроведување на овие принципи во работењето на администрацијата има непосреден ефект во јакнењето на интегритетот, односно остварување на квалитетна администрација и органи во кои корупцијата е сведена на минимално ниво.
Овој документ е подготвен во рамките на проектот: „Јакнење на капацитетите на институциите во борбата против корупцијата“. Проектот е поддржан од УСАИД преку Проектот за граѓанско учество
CEP grantee_TI-M_Policy brief – Politiki na Integritet_final-24.032021