Транспаренси Интернешнл – Македонија (ТИ-М) во рамки на активноста: „Јакнење на капацитетите на институциите во борбата против корупцијата”, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество и во соработка со ДКСК и МИОА го подготви и објави вториот тримесечен Извештај од мониторинг на имплементацијата на препораките од извештајот за проценка на ранливост од корупција при процедурите за вработување во јавниот сектор за периодот од јануари до март 2021 година.
За овој тримесечен период од страна на ТИ-М е изготвен втор квартален Извештај во кој се наведени активностите кои надлежните институции ги преземаа во однос на имплементација на препораките во вториот квартал кој го опфаќа периодот од јануари-март 2021.
Промоцијата ќе се одржи на 26ти мај 2021 со почеток во 13 часот.
Линк за пристап до промоцијата: https://zoom.us/j/99436379266?pwd=bDJ6RTY0ejB1SHlJdnY3KzI5dytOZz09