Транспаренси Интернешнл – Македонија (ТИ-М) во рамки на активноста: „Јакнење на капацитетите на институциите во борбата против корупцијата”, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество подготви тренинг материјали за потребите на Академијата за судии и јавни обвинители.
Во рамките на проектот беа изработени следните документи:
- Проценка на потребите за обука (Training needs assessment) за јакнење на капацитетите на институциите во борбата против корупцијата
Солидната стручна подготвеност, техниките и умешностите на лицата кои се ангажирани во борбата против корупцијата, како и доброто познавање на правните и други системски можности за превенција, детекција или спречување на оваа појава треба да се формира низ еден заокружен и осмислен систем на едукација. Таквата обука има за задача да ја познава институционалната и законска рамка која се однесува на корупцијата, да ги препознае, опфати и обработи сите можни аспекти на зачестеното појавување на коруптивни случаи во државата, да се разбере нивниот пристап и природа и начинот односно постапките преку кои надлежните се справуваат со нив.
- Модул за обука: Финансирање на политичките партии и финансирање на изборни кампањи –детектирање и елиминација на можностите за корупција
Овој модул има за цел детектирање на коруптивни активности при финансирањето на политичките партии и при изборните кампањи. Во овој модул влегуваат и кривични дела со инкриминации поврзани со финансирање на политички партии и кампањи.
- Модул за обука: Судир на интереси
Модул за обука Судир на интереси
Овој модул има за цел дтектирање на коруптивни активности преку постапките за контрола на судир на интереси, анализа и разработка на домашна правна регулатива поврзана со конфликт на интетеси и домашна практика поврзана со судирот на интереси
- Модул за обука: Користење на извештаите на Државниот завод за ревизија во откривањето на коруптивни однесувања поврзани со трошењето на јавните пари
Цел на овој модул е да обезбеди подобро и продлабочено информирање на слушателите на обуката во Академијата за судии и јавни обвинители за тоа каква е структурата на ревизорски извештаи, да се дадат информации за тоа што значи аналитика и фази на аналитичко читање и обработка на ревизорските извештаи како и обезбедување на информации за анализа на дејствијата кои во извештаите се посочени како несоодветни или за кои ревизорските извештаи немаат мислење, како и редица други од кои може да се насети потребата од продлабочена анализа на правната рамка поврзана со една конкретна ситуација на располагање со јавните финансии.