Транспаренси Интернешнл – Македонија (ТИ-М) во рамки на активноста: „Јакнење на капацитетите на институциите во борбата против корупцијата”, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество подготви практични водичи за идентификување на факторите на судир на интереси во судството и обвинителството.
Практичен водич за идентификување на факторите на судир на интереси во судството
Практичен водич за идентификување на факторите на судир на интереси во судството
Целта на овој водич е да ги идентификува факторите на судир на интереси во судството кои можат да го загрозат непристрасното, одговорно и ефикасно работење на судиите како јавни функционери, а кои се од значење за работата на Државната комисија за спречување на корупција.
Практичен водич за идентификување на факторите на судир на интереси во обвинителството
Практичен водич за идентификување на факторите на судир на интереси во обвинителството
Целта на овој водич е да ги идентификува формите и факторите за судир на интереси во јавното обвинителството кои можат да го загрозат непристрасното, одговорно и ефикасно работење на носителите на овие јавни функции, а што би било од особено значење за работата на Државната комисија за спречување на корупција. Особено треба како посебност, да се напомене дека судирот на интереси, кои се ендемични за донесување одлуки во обвинителството, ја загрозуваат легитимноста и ефикасноста на системот на кривичната правда.