Период на имплемeнтација: 08 февруари 2021 – 31 декември 2021

Донатор: Проект за граѓанско учество на УСАИД

Основа

Транспаренси Интернешнл – Македонија преку својата досегашна работа за потребите на Државната комисија за спречување на корупцијата оцени дека еден од секторите кои се најранливи на корупција и конфликт на интереси е секторот урбанизам, просторно планирање и градежништво. Во соработка со канцеларијата на EWMI во Скопје, Транспаренси Интернешнл – Македонија (ТИ-М) ќе спроведе сеопфатна анализа и методолошка проценка на ризик за ранливост од корупција во државните институции и органи за просторно планирање, урбанизам и градежништвото.

Активностите врз основа на претходно развиена методологија ќе се состојат од:

  1. Канцелариско истражување и анализа на правната рамка во оваа област (законски и подзаконски акти);
  2. Анализа на процесите на одлучување во институциите надлежни за оваа област
  3. Анализа на постоечките применливи контролни механизми;
  4. Интервјуа со засегнатите страни и вработени за да се проценат нивните потреби и мислења за правната рамка и воспоставените процедури;
  5. Проценка на ранливостите посебно во просторното планирање, урбанизмот и градежништвото;
  6. Обезбедување на финален извештај со препораки и методологија за следење на состојбата на нивното спроведување.

Цели

Овој проект има за цел да го унапреди доброто владеење и владеењето на правото преку постигнување на следните две цели:

  • идентификување на ранливост на корупција во областа на урбанизмот, просторното планирање и градежништвото и одговорните институции преку сеопфатна анализа на правната рамка и обезбедување на проценка на ризикот;
  • зајакнати капацитети на клучните актери во спречувањето на корупцијата и судирот на интереси преку давање препораки за минимизирање и ублажување на ризиците од корупција и методологија за следење на нивното спроведување.