Транспаренси Интернешнл – Македонија (ТИ-М) во рамки на активноста поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество и во соработка со ДКСК го подготви четвртиот тримесечен Извештај од мониторинг на имплементацијата на препораките од извештајот за проценка на ранливост од корупција при процедурите за вработување во јавниот сектор за периодот од јули до септември 2021 година.
Споредбено од мониторингот во претходните три квартали, се воочува дека процентот на имплементирани, односно целосно спроведени препораки е во мал пораст. Ваквата состојба е од причина што во табелата за мониторинг се нотира со назнаката: целосно спроведена, делумно спроведена и не спроведена препорака. Тоа подразбира, дека доколку во периодот на мониторинг се преземени само одредени активности, но препораката сѐ уште не е целосно реализирана, тоа се бележи како делумно спроведена активност. Меѓутоа, она што треба да се истакне е дека бројот на преземени активности е во постојан пораст, односно во секој од кварталите се забележува дека дел од институциите преземаат активности и мерки кои се однесуваат на препораките. Но, сепак бидејќи целосното спроведување на препораките зависи и од донесување на измени и дополнувања во одредени законски решенија, а истите сѐ уште не се донесени, кај дел од препораките е наведено дека се делумно спроведени.
Целиот извештај може да го погледнете на следниот линк: https://bit.ly/33t02Lk