Во рамките на проектот Борба против незаконските текови – „Како регулативите против перење пари се усогласуваат со заштитата на податоци“, на 3ти март 2022 се одржа вебинар. Овој проект се спроведе во периодот од 1 декември 2020 година до 31 мај 2021 година и е прв регионален проект од овој тип спроведен помеѓу Македонија, Албанија, Црна Гора, и Косово.
Целта на проектот е да се направи проценка на националните правни и институционални легислативи на секоја од државите, за усогласувањето со 4-та и 5-та Директива на Европската Унија против перење пари. Проектот е поддржан од GIZ од Министерството за економска соработка и развој на Германија и Министерството за надворешни работи на Норвешка.
Финалниот извештај за постоечките практики против перење пари во четирите држави и пропустите во пристапот со заштитата на податоци, како во регулативите така и во пракса кој беше подготвен од страна на експертите беше презентиран на овој настан.
Извештајот подготвен од страна на експертите е достапен на следниот линк: https://transparency.mk/wp-content/uploads/2022/02/fight_money_laundering_with-personal_data_protection-3.pdf
Видео од настанот е достапно на следниот линк: