Центарот за истражувачко новинарство – SCOOP Macedonia подготви информативно видео за состојбата на укажувањето во Македонија каде што се презентирани ставови од претставници од Регионалната анти-корупциска иницијатива (РАИ), министерот за правда Никола Тупанчевски, и Н.Е Амбасадорот Дејвид Гир.
И покрај предизвиците и недостатокот на транспарентност во системите во однос на заштитата на укажувачите, регионот во Југоисточна Европа напредува во овој правец дури и подобро во споредба со некои земји од западна Европа.