ЈАВЕН ПОВИК
за аплицирање на кандидати за волонтирање во
Транспаренси Интернешнл – Македонија (https://transparency.mk/ )
Се повикуваат сите заинтересирани кандидати, да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Транспаренси Интернешнл Македонија.
Организацијата има потреба од ангажирање на 1 (еден) волонтер со завршено високо образование за потребите на проектот „Промовирање на активно учество на граѓаните за борба против корупцијата во Југоисточна Европа“ кој има за цел да ги поттикне граѓаните да пријавуваат корупција и да се подобри легислативната рамка против корупцијата. Повеќе информации за проектот има на следниот линк: https://transparency.mk/project/promovira%d1%9ae-na-aktivno-uchestvo-na-gra%d1%93anite-za-borba-protiv-korupczi%d1%98ata-vo-%d1%98ugoistochna-evropa/
Волонтерот ќе дава поддршка при имплементирањето на проектните активности и работните обврски во рамки на Центарот за правни совети во организацијата.
За таа цел ги повикуваме сите заинтересирани кандидати кои сакаат да аплицираат за волонтирање да приложат уредна документација која треба да содржи:
- копија од државјанство;
- кратка биографија (CV);
- мотивационо писмо во кое ќе се наведат причините и мотивитите за волонтирање;
- копија од диплома или уверение за завршено високо образование (најмалку 180 кредити според ЕКТС).
Потребната документација заинтересираните кандидати треба да ја достават во електронска форма на адреса job@transparency.mk, или по пошта на следната адреса:
Транспаренси Интернешнл – Македонија
ул. Наум Наумовски Борче 58
П.Ф. 270
1000 Скопје
Рокот за доставувањето на пријавите со потребните документи е до 9 мaj 2023 година.
Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
Периодот на траење на волонтерската работа ќе изнесува од 3 (три) до 6 (шест) месеци, за што волонтерот ќе потпише и договор за волонтирање. Работно време на волонтерот ќе биде 20 часа неделно (половина од редовно работно време). Волонтерите за давањето на услугите, знаењата и вештините за работите за кои ќе биде ангажиран има право на надоместок на трошоци за храна и трошоците за превоз до и од местото на волонтирање најмногу во висина од 15% од просечната месечна плата за претходната година