Транспаренси Интернешнл- Македонија во 2016 година го подготви извештајот: „Националниот систем за интегритет на Македонија”, кој содржи анализа на состојбата со столбовите на интегритет на Македонија во однос на корупцијата и ефективноста на националните напори за справување со корупцијата. Во рамките на овој извештај е направена анализа и е дадена оценка за 15 столбови, кои се дел од државното уредување на земјата. Оценката се оформува според методологија подготвена од страна на Секретаријатот на Транспаренси Интернешнл. Во рамките на овој извештај беше анализирана и работата на Стопанската комора на Р.С. Македонија и Македонската берза во рамки на деловниот сектор.
Во извештајот беа дадени препораки за унапредување и подобрување на работата во овој сектор. ТИ-М подготвува нов извештај кој треба да биде објавен во текот на октомври 2023. За потребите на овој извештај беше анализирана и исполнетоста на препораките.
П1: Стопанските комори треба да усвојат секторски кодекс за корпоративно управување што ќе содржи процедури за спроведување на кодексите на однесување и за развивање антикорупциски програми и политики за деловните субјекти.
Линк до Кодексот за корпоративно управување на котираните акционерски друштва на Македонска Берза АД Скопје:
https://www.mse.mk/mk/content/14/10/2021/corporate-governance-code
П2. Државната комисија за хартии од вредност и Македонската берза треба да формираат комисија за ревизија што ќе има овластување за надзор на претпријатијата и на нивното управување.
Сѐ уште не е формирана таков тип на комисија.
Ниво на исполнетост: 50%
Оваа активност е подготвена од Транспаренси Интернешнл – Македонија со поддршка на проектот: „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, поддржан од Европската Унија. Мислењата изразени во овој графички приказ не ги изразуваат ставовите на Европската Унија.