Благоја Пандовски на 29.03.2024 година гостуваше во Топ Тема на Телма телевизија, кадешто разговараше на тема: Каде затајува борбата со корупцијата?
Благоја Пандовски и Татјана Димитровска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупција дискутираа за тоа какви ризици од злоупотреби демнат во пресрет на изборите, дали има прекршувања на изборниот законик, а го коментираа и проширувашето на американската црна листа.
Недавањето на потребните информации на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), не е само неетичко однесување од имателите на тие возила, туку тоа е кршење и на законот, рече Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл-Македонија, во дебатата во „Топ тема“ на Телма ТВ.
„Самиот закон што за ова, за жал, не предвидува прекршочни санкции е голем недостаток, бидејќи кај нас на крај се сведува на трпењето на последици, односно казнувањето. И сега доколку постои можност за прекршочна пријава, а нема можност за казнување, односно санкции, тоа е голем недостаток кој и тоа како се одразува на однесувањето што сега го демонстрираат тие јавни институции“, вели Пандовски.
Ако се тргне настрана прекршочната одговорност, истакна Пандовски, „нивното однесување со недавањето на тие информации укажува на тоа дека истите можеби сакаат нешто да сокријат и не се транспарентни во нивното работење“.
„Тоа е многу лоша слика, особено сега пред изборите“, додаде Пандовски.
Целиот разговор можете да го погледнете на видеото подолу.