Во ера на дигитализација достапноста од отворени податоци е од исклучителна важност и за борбата против корупцијата. Лесниот преглед на податоци, обработка и финална анализа може да допринесе за детектирање на ризиците од корупција и да им овозможи на медиумите, граѓаните и останатите чинители во општеството да делуваат активно во намалување на корупцијата.
Транспаренси Интернешнл- Македонија во рамките на проектот: „Следење на интегритетот во Западен Балкан и Турција: граѓански организации во борбата против корупцијата со податоци за политичкиот интегритет“ ќе подготви податочен сет за политичко финансирање.
Проектот е насочен да ги ги зајакне граѓаните и актерите од граѓанското општество во Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Турција да бараат одговорност од носители на политички функции за интегритетот на политичкото финансирање, донесувањето закони и распределбата на ресурсите. Зајакнатиот политички интегритет треба да поттикне повеќе јавни одлуки во согласност со општото добро.
Видеото е ко-финансирано од Европската Унијa и Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка. Содржината на ова видео е единствена одговорност на Транспаренси Интернешнл – Македонија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија, Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), Институтот за демократија и медијација и Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.