Благоја Пандовски даде свое видување за емисијата „360 степени“ на тема: Уште половина милион евра за надградба на фингерпринт уредите, којашто беше емитувана на 06.06.2024 на МРТ 1.
Пред финализација на оваа соработка треба да следи формален документ, односно договор за испорачување на овие услуги. Точно е дека се остава одреден сомнеж, бидејќи настапува на некој начин сомнеж за прејудицирање на изборот на овој орган, значи пред официјалното потпишување на договорот – потенцираше Пандовски.
Тој исто така додаде дека доколку малку се прочепка и се види со што се занимава компанијата „Дермалог“, ќе се види дека тие не ги произведуваат овие батерии, значи најверојатно батериите се производ на некоја друга фирма.
Така што се поставува прашањето, зошто овие батерии се набавени од „Дермалог“, односно се дел од оваа набавка – истакна Пандовски
Што се однесува до висината на набавката и вредноста на уредите, тој додаде:
Ставката само за овие батерии е некаде околу 2.000 400-2.000 500 денари, коишто доколку се поделат со овие 500 уреди коишто се набавени, произлегува дека вредноста на еден уред е околу 79 евра. Ако се побара на интернет на официјалните страни како Амазон и слични, колку би чинела една ваква батерија, може да се дојде до цена почнувајќи од 5 евра, па нагоре до 15-20 евра. Меѓутоа сепак оваа цена којашто е платена е отприлика доста висока.
Јас со ова не прејудицирам дека тука има некои недостатоци, за тоа треба да се погрижат официјалните органи – посочи Пандовски.