На 03.09, Благоја Пандовски имаше директно вклучување во вестите на Телевизија 24.
Пандовски направи краток преглед на настаните коишто се најдоа во Барометарот на корупција за месец август 2024, редовната месечна активност на Транспаренси Интернешнл-Македонија за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, наречена „Бистро-Матно“.
Исто така го коментираше и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање. Транспаренси Интернешнл-Македонија е меѓу 13-те организации што ги поддржува предлог измените на истиот.