На 12.09.2024 година Транспаренси Интернешнл-Македонија организираше Фокус група како дел од проектот “Исполнување на ветувањата за укажување: Одбрана на правата на граѓаните и борбата со корупцијата” проект обезбеден од Balkan Trust for Democracy, поддржан од The German Marshall Fund of the United States и USAID – US Agency for International Development.
Учесниците во Фокус групата обезбедија продуктивна дискусија и конструктивни предлози за состојбите во заштитата на укажувачите во националното законодавство. Беа предложени препораки и конкретни решенија за подобрување на состојбите, кои ќе бидат вклучени во финалниот извештај за потребите на проектот.
Транспаренси Интернешнл- Македонија изразува благодарност до учесниците во фокус групата: Ирена Поповска- назначено лице за прием на пријави од укажувачи во Државната комисија за спречување на корупцијата; Елена Димовска, раководител на оддел во Министерството за правда; Вида Кочишка Поповска, лице овластено за прием на пријави од укажувачи кај Народниот Правобранител; Сашо Мержаноски, Генерален Секретар на Инспекцискиот Совет и Благоја Пандовски, адвокат и Претседател на Транспаренси Интернешнл-Македонија.