На 13 септември 2024 се одржа средба помеѓу претставници на Транспаренси Интернешнл- Македонија и Амбасадорот на Јапонија Н.Е. Оцука Казуја.
Важноста за борбата против корупцијата и преземања на конкретни акции за превенција на корупцијата и овозможување на владеењето на правото е препознаено и од страна на Јапонската Амбасада.
На овој состанок се дискутираше за состојбата со корупцијата во земјата и владеењето на правото. Беа разменети мислења за реформи во судскиот систем и кои чекори треба да се преземат понатаму за подобрување на состојбите во судството и борбата против корупцијата во целост.
Претставниците на Јапонската Амбасада изразија желба за продлабочување на соработката и гледаат партнер во организацијата за понатамошни активности кои ќе ја подобрат борбата против корупцијата и владеењето на правото.