На 11.12.2024 година Транспаренси Интернешнл Македонија организираше конференција за промоција на регионален и национален извештај како дел од проектот
„Исполнување на ветувањата за укажувањe: Одбрана на правата на граѓаните и борбата со корупцијата“ подржан од Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund of the United States and USAID.
Настанот помина во одлична атмосфера од која произлезе продуктивна дебата потенцирајќи ги предизвиците со кои се соочуваат како укажувачите така и институциите надлежни за обезбедување на заштитата. На настанот учествуваа претставници од институции кои се назначени за примање на пријави од стана на укажувачи.
Главни заклучоци и препораки:
►Подобрување на законската регулатива, како и поддршка на институциите кои се надлежни да спроведат заштита како од кадров така и од финансиски аспект.
►Поголема подршка и мотивираност на институции задолжени за надоврешно пријавување поактивно да преземаат мерки во заштитата на укажувачите. Со посебен аспект на органите за прогон како Министерството за Внатрешни Работи и Јавното Обвинителство на РСМ.
►Заради поефикасна и поефективна заштита потребно е институциите кои што се согласно законот носители на спроведување на заштитните механизми меѓу себе да се координираат и да ја продлабочат соработката.
►Да се спроведе обука на адвокатите и судиите за поефикасна заштита на постапките со укажувачи, односно да не се дозволи одолговлекување на судски постапки кои опфаќаат заштита на укажувачите.
►Сите надлежни институции, граѓанскиот сектор и медиумите заедно треба да се посветат повеќе на промоција на Законот за заштита на укажувачите. Да ја информираат јавноста за успешноста од своите исходи и да покажат дека системот кој се бори со неправилностите во државата успешно функционира.
► Владата и Министерството за финансии треба да овозможи повеќе средства со што би се промовирал системот на заштита на укажувачите и би се зголемил човечкиот капацитет за да се постигне подобар резултат.
Транспаренси Интернешнл Македонија изразува благодарност до сите претставници од Судски Совет, Управа за Јавни Приходи, Министерствбо за Одбрана, Царинска Управа, Министерство за Образование и Наука, Министерство за Внатрешни Работи на настанот, а посебно до претставниците од ДКСК, Народниот Правобранител и Министерството за Правда за долгогодишната успешна соработка и посветеноста во подобрување на системот за заштита на укажувачите.
Линк од регионалниот и националниот извештај на англиски јазик може да се погледне на https://transparency.mk/wp-content/uploads/2024/12/report_fulfilling-the-promise-of-whistleblowing_wb_final.pdf