Претседателот на Транспаренси Интернешнл Македонија Благоја Пандовски учествува на меѓународната конференција на високо ниво „Зајакнување на интегритетот и независноста на кривичната правда во Западен Балкан“, што се одржа во Љубљана од 10 до 11 март, во организација на Министерството за правда на Словенија и Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (GI-TOC).
Конференцијата ги собра претставниците на владините институции, антикорупциските тела на земјите од Западен Балкан, судските власти, меѓународните и регионалните организации, како и граѓанското општество, со цел да се подобри културата на интегритет во кривичната правда. Посебен акцент беше ставен на размената на искуства, стратегии и иновативни пристапи за систематско спречување на корупцијата и примена на антикорупциски инструменти.
Со учеството на оваа конференција, Транспаренси Интернешнл Македонија продолжува да придонесува во меѓународните напори за борба против корупцијата и зајакнување на владеењето на правото.
Голема благодарност до Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал и Министерството за правда на Словенија за организирање на ваков вреден настан и поттикнување на значајна размена на искуства и најдобри практики.