Квалитетот на правораздавањето, независноста на судиите, како и ефикасното водење на судските постапки се клучни компоненти по кои се одликува ефективниот судски систем. Само доколку имаме ефективно судство, можеме да очекуваме дека граѓаните во државата ќе уживаат доверба во него. Токму затоа, кога и да се говори за концептот на владеење на правото, со право се истакнува важноста и потребата од постоење на ефективен судски систем, при што се инсистира на креирање на политики, донесување на одлуки, како и преземање на потребни мерки и активности кои што имаат за цел да ја унапредат генерално состојбата во судството, но и да овозможат судскиот систем да биде навистина ефективен во пракса.
Во оваа насока, судовите во Република Северна Македонија се постојано предмет на критика и тоа не само на домашен туку и на меѓународен план, а како резултат на многубројни и навидум различни причини. Меѓутоа, доколку се вратиме доволно назад во минатото и направиме ретроспектива, ќе видиме дека главно, или се работело за системски проблеми кои што со години се провлекуваат без да бидат решени, или пак за корупциски и други видови на скандали кои што го одбележаа функционирањето на македонското судство во последните 3 децении.
Целиот документ е достапен на следниот линк: https://transparency.mk/wp-content/uploads/2025/03/upravuvanje-so-i-obezbeduvanje-na-resursite-na-sudskata-vlast.pdf