Управата за извршување на санкции и Транспаренси Интернешнл – Македонија потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на партнерството во спроведување на активностите од областа на борбата против корупцијата, подобрување на интегритетот и професионалните стандарди на вработените во пенитенцијарниот систем и заштитеното пријавување од страна на укажувачи.
Преку Управата ќе се воспостави соработка и со казнено-поправните и воспитно-поправните установи, со цел унапредување на транспарентноста, отчетноста и превенцијата од корупција во нивното работење.




