Транспарентноста и отчетноста, се едни од најважните елементи при функционирањето на институциите. Тие влијаат на нивниот интегритет и довербата кај граѓаните.
За ова, меѓу другото, дискутираа на средбата народниот правобранител, м-р Фатон Сељами и претставниците на Транспаренси Интернешнал Македонија, Благоја Пандовски и Методи Зајков.
Соговорниците се согласија дека независноста, пред сѐ, финансиската, на институциите кои работат на полето на заштитата на човековите слободи и права е од исклучителна важност за нивна ефикасна работа и дека само силна институција Народен правобранител, ќе значи обезбедување на повисок степен на заштита на правата на граѓаните.
Исто така, тие се осврнаа и во делот на промоцијата, како едно од значајните сегменти од работата на Народниот правобранител, особено значајна за подигнување на свеста кај граѓаните за механизмите за заштита на нивите права. На средбата, стана збор и за зацврстување на соработката помеѓу Народниот правобранител и Транспаренси Интернешнал Македонија преку потпишување на Меморандум за соработка.
Транспаренси Интернешнл-Македонија ги реафирмираше наодите од последното истражување на Системот за Национален Интегритет и ја нагласи потребата од соработка во имплементирање на систем за внатрешните и надворешните канали за заштитено пријавување на укажувачи.




